Европол запленил илјадници археолошки предмети, уапсени 75 луѓе | Правдико

Правдико

   

Европол запленил илјадници археолошки предмети, уапсени 75 луѓе

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Повеќе од 4000 уметнички дела и археолошки предмети се пронајдени, а 75 луѓе се уапсени во неодамнешната акција на Европол, спроведена во 18 земји, објави во понеделник европската полициска организација.

Операцијата „Пандора“, спроведена во октомври и ноември под водство на кипарската и шпанската полиција, била насочена против криминалните мрежи кои шверцуваат уметнички и културни дела во Европа.

Запленети се над 3.500 културни предмети, од кои половината биле археолошки. Во операцијата се пронајдени и повеќе од 400 монети од разни временски периоди.

Петстотини историски предмети се пронајдени само во шпанскиот град Мурсија, од кои 19 биле украдени од градскиот Археолошки музеј во 2014 година.

Операцијата е спроведена во 18 земји, вклучувајќи ја и Австрија, Германија, Грција, Италија и Малта, а учествувале УНЕСКО и Светската царинска организација.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико