Европратениците денеска по вторпат ќе дебатираат за резолуцијата за Македонија | Правдико

Правдико

   

Европратениците денеска по вторпат ќе дебатираат за резолуцијата за Македонија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пратениците во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска ќе го имаат второто разгледување на предлог-резолуцијата за Република Македонија.

Европратениците во АФЕТ-групата договорија 28 компромисни амандмани на текстот на известувачот Иво Вајгл, како замена за 318-те амандмани поднесени на предлог-резолуцијата за Република Македонија, во кои во речиси две третини учествуваа грчките и бугарските европратеници.
Попладнево, европратениците во Комитетот за надворешни работи ќе дебатираат и ќе се обидат за последен пат да ги усогласат ставовите за македонската резолуција во Европскиот парламент, а утре ќе гласаат за неа во рамки на АФЕТ-групата. На 14-ти март во ЕП во Стразбур, целиот состав на Европарламентот ќе ја донесе резолуцијата на пленарна седница.
Инаку, резолуциите на Еворпарламентот за сите држави немаат правно дејство, туку се само советодавни и може, но не мора, да се земат предвид од другите ЕУ-институции и од земјите-членки на Европската унија.

Препорачуваме

Партнери на Правдико