Европската енергетска заедница со прекршочна пријава за Македонија | Правдико

Правдико

   

Европската енергетска заедница со прекршочна пријава за Македонија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европската енергетска заедница поведува прекршочна постапка против Македонија поради одложувањето на либреализацијата на пазарот на електрична енергија. За случајот известено е и ресорното Министерство за економија, на кое во петокот доцна попладнето му било доставено писмо  – потврдува за 24 вести портпаролот од Енергетската заедница Барбора Јакшова.

Energy_Community_Logo

 

– Одложувањето на комплетната либерализација на пазарот до 2020 година претставува значајно прекршување на договорот, стои во известувањето објавено на официјалната страна на Европската енергетска задница.

Со законските измени за одложување на либерализацијата се ускратува правото на избор на малите бизниси и домаќинстата, заклучуваат од енергетската заедница.

– Амандманите на Законот за енергетика усвоени во Октомври 2014 година ги лишува малите бизниси и домаќинствата од нивното право да набавуваат електрична енергија директно од снабдувач по нивни избор.

Со образложение да се заштити стандардот на граѓаните, владата во последен момент донесе одлука за одложување на либерализацијата на пазарот на електрична енергија.

Анализите покажале дека доколку тоа се случи на 1 јануари, цената на струјата ќе се зголемела за 17,7 % до 20 %.

0940bb10e3b009a14fe8097e27939080Аргумент што за енергетската заедница е легитимен, но одлуката за одложување е спорна затоа што е во спортивност со обрските превземени од Европската унија.

Од седиштето на Енергетската заедница во Виена тврдат дека државата може да ги заштити  потрошувачите од драматично зголемување на цената на струјата, но во исто време и да го отвори пазарот согласно превземените обврски.

– Заштита на потрошувачите од драматични зголемувања на цената е легитимна цел која може да се постигне преку мерки кои се многу помалку девијантни за пазарот и се во согласност со правната рамка на Енергетската Заедница.

За спорот, Македонија може  во рок од еден месец да поднесе жалба и да ги аргументира причините  за одлуката.

Со какви последници може земјава да се соочи, ќе се знае кога ќе финишира постапката велат од Енергетската заедница.

Од Министерството за економија за 24 Вести велат дека сеуште немаат добиено официјално известување за постапката.

Инаку во октомври лани, еден ден откако европската комисја во извештајот ја пофали земјата на полето на енергетиката, владата донесе одлука за одложување на либерализацијата на пазарот на електрична енергија.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико