Европската комисија бара Малта да ги отвори границите и за невакцинирани патници | Правдико

Правдико

   

Европската комисија бара Малта да ги отвори границите и за невакцинирани патници

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европската комисија ќе разговара со Малта да ја повлече одлуката за затворање на границите за невакцинирани патници, изјави денеска еврокомесарот за правосудство Дидие Рејндерс.

Малта во петокот соопшти дека е прва земја од ЕУ која ги затвора границите за невакцинирани патници, надевајќи се дека ќе го запре зголемување на бројот на заразени од коронавирус, но Рејндерс за радиото Франс интер потсети дека ЕУ воведе здравствен сертификат кој е задолжителен за земјите-членки.

Рејндерс додаде дека Европската комисија ќе разговара со Малта да ги прифати и ПЦР тестовите.

„Во зависност од бројот на заразени со делта-сојот… нормално е да продолжиме со мерките, тестовите и карантинот, но без забрана за патување“, рече Рејндерс.

Малиот медитерански остров со 500 илјади жители може да пофали со највисока стапка на вакцинација, откако дури 79 отсто од населението ги прими двете дози од вакцината против коронавирус. Од 27 јуни не е регистриран ниеден нов случај во земјата, сè до петокот кога имало 96 нови случаи, од кои 90 отсто невакцинирани.

Францускиот државен секретар на европски работи Клеман Бон вчера рече дека одлуката на Малта веќе да не ги прифаќа ПЦР тестовите е „спротивна на правилата“ на ЕУ.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико