Правдико

   

Европската комисија информирана за штетните измени во Законот за авторското право и сродните права

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

European_Commission.svgРегионалниот директор за Европа на CISAC, Генералниот директор на GESAC и директорот на Европската канцеларија на IFPI, испратија писмо до Европската комисија во Брисел, кое се однесува на измените и дополнувањата на ЗАПСП.

Со писмото се известува Европската комисија дека Собранието на Република Македонија неодамна усвои Предлог измени на Законот за авторското право и сродни права, по скратена постапка, без консултација со релевантните засегнатите страни со што се искажува длабока загриженост  поради фактот што измените ја поткопуваат вредноста на правата на сите носители на авторски права, загрозувајќи го и креативниот сектор, но и правата на носителите на права од ЕУ чиј репертоар е широко употребуван на пазарот. Уште повеќе, новите одредби не се во насока на ЕУ легислативата, како и Директивата 2001/29/ЕЦ и директивата за колективно управување 2014/26/ЕУ.

Овие измени не се во линија ниту со интернационалните спогодби, особено Бернската Конвенција за заштита на Литературни и Уметнички дела, Римската Конвенција за Заштита на Изведувачи, Произведувачи на фонограми и Радиодифузни Организации, МРО Спогодбата за авторски права и МРО Спогодбата за изведби и Фонограми. Овие измени ќе доведат до непочитување на обврските кои Македонија ги има при процесот на пристапување кон ЕУ, како и непочитување на обврските кои произлегуваат од интернационалините спогодби за авторските права кои земјата ги има потпишано и ратификувана – стои во писмото.

Целото писмо можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико