Европската комисија ќе ги изведе пред суд Бугарија и Грција поради непреземање мерки против загадениот воздух
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Европската комисија ќе ги изведе пред Судот на правдата на ЕУ, Бугарија и Грција откако двете земји со години ги надминуваат границите на загадувањето на воздухот и покрај повеќето предупредувања, соопшти Комисијата.
Двата случаи се последни во низата правни активности на ЕУ во врска со слабиот квалитет на воздухот во земјите членки, вклучувајќи ги Франција, Италија и Романија, со што Брисел се обидува да ги намали прекршувањата што го загрозуваат здравјето на луѓето – пишува Ројтерс.
Комисијата соопшти дека ќе ја упати Бугарија до највисокиот суд на ЕУ за надминување на законските ограничувања на честички од 2015 до 2019 година откако судот претходно му наложи на владата на оваа земјата да го реши ова прашање уште во 2017 година. Бугарија може да се соочи со големи финансиски казни за непочитување на претходната пресуда.
Бугарија е едена од земјите во Европската унија со најмногу надминувања на годишните и дневните граници на честички, посочуваат од Комисијата.
Законите на ЕУ налагаат земјите да го ограничат загадувањето на честичките уште од 2005 година.
Комисијата, исто така, ја упати и Грција до судот за надминување на границите на честички во градот Солун за целиот период, освен за една година од 2005 година па до денес.
„Досегаашните напори на грчките власти беа незадоволителни и недоволни“, се вели во извештајот.
Аерозагадувањето е најголем ризик за здравјето на животната средина во Европа. Честичките придонеле за околу 379 000 предвремени смртни случаи во 2018 година во рамки на ЕУ, иако ова било за 13% пониско отколку во 2009 година, соопшти Европската агенција за животна средина во неодамнешниот извештај.
Комисијата исто така ја упати и Полска до највисокиот суд на ЕУ за неуспехот да ги заштити шумите и дивиот свет што живеат таму.