Европската комисија препорача отворање преговори со Албанија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Eвропската комисија препорача отворање преговори за Албанија. Според извештајот, се оценува дека Албанија постигнала значителен напредок во исполнувањето на петте клучни критериуми за почеток на пристапните преговори.
Во извештајот стои дека главните уставни измени биле едногласно усвоени во јули 2016 година, со што почнале сеопфатен и инклузивен процес на реформи на судскиот систем.
„Овој процес ќе вклучува длабоко преиспитување на судии и на обвинители. Реформата на јавната администрација продолжува доследно, како и континуираната работа на создавање солидна база на податоци за истраги, обвиненија и за пресуди во борбата против корупцијата и организираниот криминал, кои се од фундаментално значење“, процени Европската комисија.
Поради сето ова Европската комисија препорача отворање на пристапните преговори со Албанија.
Извор: Мета