Правдико

   

Европската комисија во борба против лажните лекови за коронавирус

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Се поголем број лажни огласи се појавија во онлајн трговијата, во која продавачите ветуваат сигурна заштита и лек против коронавирус, поради што Европската комисија најави пресметка со трговците кои ја злоупотребуваат пандемијата.

Некои продавачи нудат маски за лице и средства за дезинфекција на раце, но по астрономски цени, додека други продаваат производи што не обезбедуваат ниво на заштита како што е наведено, соопшти Комисијата.

Меѓу таките пример се пластични капи, слични на оние за туширање, кои се продаваат за шест и пол евра како „антивирусна“ заштита и маски за велосипедисти како заштита од прашина, кои не се меѓу препорачаната заштитна опрема.

„Нема да дозволиме трговците да ги искористат стравовите на потрошувачите предизвикани од ширењето на епидемијата во ЕУ“, рече комесарот за правда Диди Рејндерс, чија одговорност е заштитата на потрошувачите.

И платформите како Амазон и Фејсбук презедоа акција против ваквото лажно рекламирање и ги повикаа другите да ги следат.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико