Дводневни обуки за Европската конвенција за заштита на човековите права | Правдико

Правдико

   

Дводневни обуки за Европската конвенција за заштита на човековите права

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

advАкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (INL) при Американската амбасада во Скопје организира две дводневни обуки за Европската конвенција за заштита на човековите права кои ќе се одржат на следниве датуми:

10-11 март, 2016 година, во хотелот „Арка“, Скопје: Обука за ЕКЧП за членовите 2,3 и 4; 

– 14-15 март, 2016 година, во хотелот „Арка“, Скопје: Обука за ЕКЧП за членовите 5, 6 и 7.

Обуката е наменета за јавни обвинители и судии од Скопје, адвокати и претставници од МВР.

Предавачи на обуката ќе бидат Тодор Витларов,  јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Штип, Гордана Гешкоска, јавен обвинител на Основното јавно обвинителствио Скопје, Љиљана Ивановска-Шопова, претседател на Апелациониот суд Скопје и Ружица Николовска, адвокат од Скопје.

Aдвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk. Пријавените адвокати треба да учествуваат на двете обуки. Бројот на учесници – адвокати е ограничен на 5 и изборот ќе биде според принципот „прв дојден – прв услужен“.

>> Агенда за Обука за ЕКЧП за членовите 2,3 и 4

>> Агенда  за Обука за ЕКЧП за членовите 5, 6 и 7

Препорачуваме

Партнери на Правдико