Европската Унија и што значи да се биде европски граѓанин
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Европската Унија се повеќе се проучува како посебен субјект во меѓународните односи, а после завршувањето на Студената војна особено внимание се посветува на тоа како ЕУ ги спроведува меѓународните политики. Една од централните теми во современите меѓународни односи и меѓународното право е односот меѓу ЕУ и останатиот дел од меѓународната заедница со оглед на фактот дека таа обединува едни од најбогатите 27 држави во светот.ЕУ има значајно присуство во меѓународните односи, економски е голем играч, политички претставува втор глас на Западот, културолошки Европа претставува широка палета на уметнички, научни и образовни ресурси. Ниту еден студент по завршувањето на Студената војна не може и не смее да ја занемари ЕУ. Унијата е важен фактор во Африка, делови од Азија и Латинска Америка. Не го сметам за невозможно сценариото во кое таа би добила позиција на супер сила во наредните 100 години. Неспорен е фактот дека меѓународните односи (економски, политички, културни, безбедносни и одбранбени) на Унијата сега се предмет на интензивно интелектуално и политичко значење.
Прочитајте ја целата статија ТУКА
Автор: Милорад Петрески
– магистранд по меѓународно јавно право и меѓународни односи