Европски парламент: Македонија да ги усогласи законите за заштита од дискриминација
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Европскиот Парлaмент минатата седмица усвои три годишни извештаи за кандидатите и потенцијалните кандидати за членство во ЕУ. Во овие извештаи, европарламентарците ги оценија состојбите со правата на ЛГБТ луѓето во Македонија, Србија и Косово и им препорачаа на земјите да поработат на подобрување на позицијата на ЛГБТ граѓаните.
Што се однесува на Македонија, Парламентот нагласува дека земјата треба да ја усогласи законската заштита од дискриминација според стандардите на Европската унија, посебно во однос на дискриминацијата при вработувањето врз основа на сексуалната ориентација. Исто така се изразува загриженост дека нетолеранцијата, дискриминацијата и нападите врз ЛГБТИ луѓето не запираат.
Извор: Макфакс