Европски суд: Русија да му плати отштета на Наваљни | Правдико

Правдико

   

Европски суд: Русија да му плати отштета на Наваљни

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европскиот суд за човекови права пресуди дека Русија мора да му плати на Алексеј Наваљни 2.000 евра отштета бидејќи незаконски му било одбиено барањето за издавање пасош.

Руските власти одбија да му издадат патна исправа на рускиот опозициски лидер пред три години бидејќи е под условна затворска казна во земјата.

Наваљни двапати беше осуден поради финансиски криминал за кој тврди дека е одмазда на Кремљ бидејќи му се спротивставува на рускиот претседател, Владимир Путин.

Поради пресудите, оневозможено му беше да се кандидира на годинашните претседателски избори во Русија.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико