Европскиот парламент бара земјите од ЕУ да се откажат од гонење на Сноуден
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Европскиот парламент на пленарна седница во Стразбур со мнозинство гласови усвои резолуција во која бара од ЕУ да се запре гонењето на Едвард Сноуден и да се обезбеди заштита, соопшти прес-службата на ЕУ.
Пратениците ги повикаа земјите од ЕУ да го запрат гонењето на Сноуден, и да му се обезбеди заштита како и да се спротивстават на неговата екстрадиција или пуштање во трети земји.
Поранешниот соработник на специјалните служби на САД Едвард Сноуден во 2013 година, сподели податоци за тоа како Националната агенција за безбедност ги шпионирала не само граѓаните на Европската унија, но и голем број европски лидери.