Правдико

   

Европскиот парламент барем засега против законот за построга контрола на интернет

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европскиот парламент денеска со мнозинство гласови го запре предлогот за нова регулатива за авторските права, која можеше да предизвика значителни компликации за корисниците на интернет. Жестоката јавна кампања очигледно даде плод, па против новата верзија на контроверзната регулатива гласаа 318 европратеници, „за“ беа 278, а имаше и 31 „воздржан“.

Критичарите на новата верзија на Регулативата за авторските права, меѓу кои е и известувачот на ОН за слобода на изразување, Дејвид Кеј, кој до Европската комисија испрати официјално писмо на протест – веруваат дека оваа директива може сериозно да ја поткопа слободата на говорот на интернет, би влијаела за укинување на популарните мемиња, би го закочила развојот на дигиталната технологија во Европската Унија, значително би го отежнала работењето на помалите компании и би го усложнила животот на корисниците на интернет.

Со неа речиси сета одговорност за заштита на авторските права се префрла на интернет-провајдерите кои треба да преземат мерки за да се обезбеди усогласеност со договорот постигнат со сопствениците на авторските права за нивните дела.

Особено се критикува членот 13 кој одговорноста за контрола на користењето  авторски содржини целосно ја префрла на конкретни интернет-страници, притоа воведувајќи ја идејата за автоматски филтер на содржини, со кој дефакто би се забранило користењето на популарните мемиња, како на пример Grumpy cat, но и цитатите од „Википедија“ и разни други работи кои се вообичаен и нераскинлив дел од секојдневната интернет комуникација.

Во секој случај, денешното гласање во Европскиот парламент значи дека еврoпратениците повторно ќе мора да се справат со оваа тема наесен. Регулативата не е трајно отфрлена, но е запрена, а сега следи нов круг на лобирање и измени на текстот на регулативата.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико