Европскиот Парламент даде зелено светло за активирање на Членот 7 против Унгарија | Правдико

Правдико

   

Европскиот Парламент даде зелено светло за активирање на Членот 7 против Унгарија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европскиот парламент гласаше за активирање на Членот 7, кој ќе ѝ овозможи на ЕУ да ги спроведе казнените мерки против Унгарија, пренсува „Раша тудеј“. Се тврди дека Будимпешта во неколку наврати ги прекршила демократските правила.

За време на сесијата во Стразбур, Франција, 448 пратеници гласаа за активирање на членот против Унгарија, додека 197 гласаа против, а 48 се воздржаа од гласање.

Членот 7 од Договорот од Лисабон од 2007 година, често нарекуван и „нуклеарна опција”, е дизајниран да се примени ако постои „јасен ризик од сериозно непочитување” на вредностите на ЕУ од некоја од земјите-членки. Со негова целосна имплементација, на Будимпешта би ѝ биле одземени гласачките права во Европскиот совет, но за тоа да се случи, Советот мора едногласно да пресуди дека Унгарија дозволила сериозни и континуирани непочитувања на вредностите на ЕУ

Унгарија, предводена од десничарската влада на Виктор Орбан, беше обвинета од Брисел за наводно поткопување на владеењето на правото во земјата.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико