Правдико

   

Европскиот парламент донесе конечна одлука дека Трочањи и Плумб не може да бидат комесари

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Одборот за правни прашања на Европскиот парламент (ЈУРИ) донесе конечна одлука дека двајца кандидати не се подобни за еврокомесари за проширување и добрососедска политика. Станува збор за унгарскиот кандидат Ласло Трочањи и за Романката Рована Плумб поради конфликт на интереси.

Ова е процедура без преседан имајќи предвид дека досега немало случај кандидатите за комесари да бидат одбиени во почетна фаза. Одборот на ЈУРИ веќе заседаваше во петокот кога е утврдено дека постои конфликт на интереси, меѓутоа поради недоволна пракса по ова прашање, претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, побара одборот повторно да ја разгледа ситуацијата.

Ова барање наиде на негодување на членовите на одборот на ЈУРИ, кои првин ја одбиле агедната на состанокот, но потоа биле принудени, сепак, да гласаат за истото прашање.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико