Европскиот парламент ги укина визите за Украина | Правдико

Правдико

   

Европскиот парламент ги укина визите за Украина

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европскиот парламент го одобри воведувањето на безвизен режим за краткорочни патувања на Украинците во земјите од Шенген зоната.

Претходно, претставничката на ЕП Марија Габриел изјави дека Украина ги исполнила сите барања на ЕУ, „дури и ги надминала очекувањата“.

– Го потврдуваме принципот дека секоја земја која ги исполнува критериумите поставени од страна на Европската комисија треба да има корист од укинувањето на визите за нејзините граѓани. Сега е на потег Советот на ЕУ – изјави таа во официјално писмо.

Оваа одлука треба да биде одобрена од страна на Советот на ЕУ, а потоа треба да биде потпишана од претседателот на Европскиот парламент и претставникот на Малта кој претседава со ЕУ.

Одлуката ќе стапи на сила 20 дена по нејзиното објавување во Службениот весник на Европската унија.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико