Европскиот парламент ги усвои амандманите за екстрадиција на Груевски
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Пратениците од Европскиот парламент ги усвоија амандманите со кои се бара од Унгарија експремиерот Никола Груевски да биде екстрадиран во Македонија.
Амандманите беа поднесени од страна на социјалдемократите и зелените во ЕП пред неколку дена. Во амандманот на зелените се бара екстрадиција и се нагласува дека Груевски од Македонија побегнал со дипломатски пасош од Унгарија. Понатаму е оценето дека ваквиот потег претставува мешање во внатрешните работи на Македонија.
Социјалдемократите поднесоа два амандмани за азилот на Груевски во кои е нагласено дека експремиерот добил транспарентен судски процес во Македонија и треба да одговара за уште пет кривични истраги.
Извор: Макфакс