Европскиот парламент ќе се изјасни за резолуцијата за Македонија | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Европскиот парламент ќе се изјасни за резолуцијата за Македонија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европскиот парламент денеска ќе гласа за резолуцијата за Република Македонија, која се однесува на извештајот на Европската комисија за 2016 година.

Резолуцијата предложена од словенечкиот европратеник Иво Вајгл е ставена на дневен ред за гласање напладне, заедно со резолуциите за Србија и Косово. Не е предвидена дебата пред гласањето, со оглед дека европратениците веќе дебатираа за Извештајот и за ситуацијата во Македонија за време на мајската сесија, откако претходно беше одложено гласањето, се додека не се разјасни политичката ситуација во Македонија.

Со оваа резолуција, која беше усвоена од Комисијата за надворешни работи на ЕП, уште еднаш се препорачува започнување на преговорите за членство на Република Македонија со Европската Унија.

При усвојувањето на резолуцијата во комисијата „за“ гласаа 54 европратеници, а „против“ беа девет од кои седум грчки европратеници и двајца други од групата на Европската обединета и нордиска левица.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико