Европскиот парламент настојува да се вратат визите за државјаните на САД
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Европскиот парламент денеска усвои резолуција со која ја повикува Европската комисија да препорача враќање на визите за државјаните на САД.
Комисијата во рок од два месеци треба да подготви препорака. Потоа препораката може да биде прифатена или отфрлена од Советот на Европската унија и од европратениците.
Ако одлуката ги помине успешно сите процедури, визите за државјаните на САД ќе бидат вратени во рок од една година.
Според Европската комисија тоа би довело до загуби за ЕУ од речиси седум милијарди евра и привремена загуба на 140 илјади работни места.
Резолуцијата на Европскиот парламент е предизвикана од тоа што САД се уште бараат визи од државјаните на Кипар, Хрватска, Полска, Романија и Бугарија.
Извор: Нова Македонија