Европскиот совет со поддршка за почеток на преговори со Македонија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Европскиот совет ја поддржа одлуката за почеток на преговори со Македонија и со Албанија.
Шефовите на држави и влади од државите од Европската унија (ЕУ) го подржуваат и поздравуваат договорот меѓу Атина и Скопје за името на Македонија.
Тоа, како и договорот меѓу Македонија и Бугарија дава добар пример за останатите во регионот да засилат добрососедски односи, се наведува во заклучоците од синоќешната седница.
Советот на ЕУ на ниво на министри во вторникот препорача отворање на преговори за членство со Македонија и со Албанија во јуни 2019. Двете земји до отворањето на преговорите ќе треба да постигнат напредок во реформите.
Американскиот Стејт департмент ја поздрави одлуката на Советот на ЕУ да предложи план за отворање пристапни преговори со Македонија и Албанија во јуни 2019 година и уште еднаш ја потврдува важноста на постигнатиот Договор со Грција.
Во соопштението за МИА од Стејт департментот се наведува дека планот на ЕУ зависи од натамошниот прогрес во одредени области.
„Одлуката на Советот ги нагласува силните напори што двете земји ги направија во имплементација на реформите за усогласување на нивните закони со стандардите на ЕУ“, истакнуваат од Стејт департментот.
Понатаму се укажува дека како пријател и партнер на Македонија, САД и помага на македонската Влада за успех во евро-атлантските интеграции на земјата.
„Ова вклучува владеење на правото, подобрување на одговорното владеење, како и реформи во судството, разузнавачките служби и јавната администрација. Ова се важни прашања кои мора да се решат независно од процесот на пристапување во ЕУ“, посочуваат од американскиот Стејт департмент.
САД, исто така, го поздравуваат „историскиот договор за решавање на прашањето за името“. Се нагласува дека овој договор ја зајакнува регионалната безбедност, просперитетот и заедничката европска иднина на двете земји.
Извор: НОВАТВ