Правдико

   

Европскиот суд ја потврди француската забрана на пестициди што им штетат на пчелите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Франција не ги прекршила прописите на Европската Унија со забрана на хемикалии што им штетат на пчелите, пресуди Европскиот суд на правдата (ЕСП).

Правен спор меѓу Француската асоцијација за заштита на земјоделски култури и француската држава започна во 2018 година кога владата во Париз забрани некои пестициди од групата на неоникотиноиди.

Здружението за заштита на земјоделските култури поднесе тужба, тврдејќи дека забраната е некомпатибилна со регулативата на ЕУ за семејството на неоникотиноиди.

ЕСП во четвртокот донесе одлука дека Франција доставила доволно докази за да го поткрепи тврдењето дека забраната е неопходна за ублажување на сериозниот ризик по здравјето на луѓето и животните и животната средина.

Пестицидите беа предмет на жестока дебата во Франција и владата, под притисок на лозарите, повлече дел од одлуката за 2018 година, забележува ДПА.

Оваа недела пестицидите се најдоа во центарот на конфликтот меѓу француската влада и лево-зелената опозиција, која го обвини претседателот Емануел Макрон за отстапување од еколошките обврски.

Францускиот парламент во вторникот го одобри владиниот предлог да им се даде на лозарите на репка ослободување од забраната за неоникотиноиди до јули 2023 година, откако земјоделските култури беа погодени од вирус што се пренесува преку вошки.

Исклучувањето предизвика револт дури и во центристичката партија на Макрон, чии над 60 од 271 пратеник гласаа против или беа воздржани.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико