Европскиот суд на правдата: Забраните за донирање на крв од хомосексуалци се недозволени | Правдико

Правдико

   

Европскиот суд на правдата: Забраните за донирање на крв од хомосексуалци се недозволени

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

1000Европскиот суд на правдата (ЕСП) пресуди дека владите на ЕУ не смеат да им забрануваат на хомосексуалците да донираат крв, поради спречување на ширењето на ХИВ, но само под услов тие да докажат дека тоа е најдобриот начин да се ограничи опасноста за здравјето на граѓаните.

Судот вака пресуди во случај на еден човек со хомосексуална ориентација, кој поднел жалба, затоа што во 2009 година е спречен да донира крв, објави новинската агенција АП.

Пресудата вели дека забраната за хомосексуалците да донираат крв, што ја има воведено Франција во 1983 година, е во спротивност на Европскиот принцип на “не-дискриминација врз основа на сексуална ориентација”.

Забраната за донирање на крв за хомосексуалците, сепак, “може да се оправда, имајќи ја во предвид ситуацијата во земјата-членка која има воведено ваков закон”, пресуди судот.

“Мора да се утврди дали тие лица се изложени на висок ризик од заразување со сериозни заразни болести, како што се ХИВ, и дека не постојат ефективни методи за детекција или други методи кои обезбедуваат високо ниво на заштита на примателот на крв”, соопшти судот.

Ако новите методи на тестирање можат да гарантираат дека ниту еден од донираните единица крв не носи заразна болест, тогаш забраната за донирање крв за хомосексуалците не е потребна, заклучи Европскиот суд на правда.

Француската влада овој месец предложи укинување на забраната воведена во 1983 година, додека светот е зафатен обидувајќи се да изнајде начини за превенција на ХИВ вирусот. Оваа забрана беше укината во 2011 година во Велика Британија и САД кон крајот на минатата година, под услов донаторот да немал сексуални односи во текот на минатата година.

Препорачуваме

Партнери на Правдико