Правдико

   

Европскиот суд нареди Босна да отстрани српска православна црква од имотот на една муслиманка

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европскиот суд за човекови права во понеделникот донесе пресуда дека Босна и Херцеговина мора да ги преземе сите неопходни мерки за отстранување на српската православна црква што била изградена во дворот на една муслиманка протерана од своето село за време на војната во земјата во периодот 1992-95 година, пренесува „Дејли мејл“.

Судот пресуди дека црковната конструкција од 1998 година е нелегална и претставува повреда на правото на сопственост, пропишувајќи рок од три месеци за извршување на пресудата и отстранување на црквата.

Судијата на Европскиот суд, Фарис Вехабовиќ  рече дека неизвршувањето на решението на судот ќе претставува кривично дело, но додаде од босанските власти завии дали ќе се изврши или не.

Во 2000 година, Фата Орловиќ и 13 други членови на нејзиното семејството поведоа правна битка да ја отстранат црквата, откако Орловиќ се врати во својот дом во Коњевиќ Поље, Источна Босна, околу 20 км источно од Сребреница.

Во својата пресуда во понеделникот, судот пресуди во корист на членовите на семејството Орловиќ, наредувајќи им на босанските власти да ја отстранат црквата и да им исплатат отштета на 14 члена на семејството Орловиќ во износ од 31.000 евра.

„Не сум против црквата, но оние што ја сакаат требало да ја изградат на свој имот“, вели 77-годишната Орловиќ.

Орловиќ додаде дека случајот треба да испрати порака до луѓето да продолжат да се борат за она што е нивно и да се ослободат од она што не е.

„Ова е типичен случај што се однесува на правото на поврат на имот. Единствената разлика е во тоа што таа стана симбол на постојаната борба за правда на една жена и нејзиното семејство“, рече Фарис Вехабовиќ.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико