Европскиот суд: Никој нема право да шета гол по улица | Правдико

Правдико

   

Европскиот суд: Никој нема право да шета гол по улица

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европскиот суд за човекови права ја отфрлил тужбата на еден Британец, кој побара да му биде овозможено да шета гол по улица.

29102014222327_evropskiot_sud

Стивен Питер Гоу, британските весници го нарекоа „гол шетач“, по неговата најава пеш да ја мине земјата целосно гол и откако беше осуден неколку пати во Шкотска поради нарушување на јавниот ред и мир, како и поради навредите упатени кон судиите пред кои се појавил „како од мајка роден“.

Овој поборник на „невиноста на човековото тело“ минал седум години во британските затвори, најчесто во самици за да не ги вознемирува останатите затвореници.

Судот во Стразбур, на кого Гоу му се обратил поради „прекршување на правото на слобода на изразување и правото на приватност“, оцени дека изречените казни биле „неспорно престроги“, сепак ја истакнал и „неговата лична одговорност“.

Тој бара другите да бидат толерантни кон него, но и Гоу е должен самиот да покаже трпеливост и разбирање за мислењето на сограѓаните, се наведува во судското образложение.

– Неговото однесување е спротивно од правилата на добро воспитување кои важат во сите модерни демократски општества, заклучи судот во Стразбур.

Што се однесува до барањето за „почитување на правото на приватност“, Судот оцени дека тоа не им дозволува на поединците да работат се што ќе посакаат на јавно место. Европските судии, воедно, нагласија дека е потребно да се покаже „минимум сериозност“.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико