Европскиот суд за масакрот во Беслан: Сериозни пропусти на Русија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Русија направила сериозни пропусти при преземањето мерки за спречување на масакрот во училиште во Беслан во 2004-та година, во кој загинаа 330 луѓе, меѓу кои 186 деца, соопшти Европскиот суд. Според соопштението, на поднесителите на тужба против Русија во врска со истрагата за случајот, ќе им бидат исплатени три милиони евра.
Европскиот суд наведува дека, руските власти, иако добиле информации дека се планира терористички напад, не биле преземени доволно мерки за да се спречи таквиот план, а не биле ниту засилени мерките за безбедност во училиштето.
“Властите располагале со доволно јасни информации за планирање на терористички напад во таа област, поврзани со образовна институција. Сепак, не е направено доволно за да се спречи подготовката на таквиот напад и сотанокот на терористите“, се наведува во одлуката на судот.
Не постоело официјално водење на операцијата, што довело до сериозни грешки во донесувањето на одлуките и координирање со другите инситуции. Против Русија, поднесоа тужба претставници на 409 руски граѓани. Чеченски сепаратисти на првиот училишен ден во 2004-та година, упаднаа во училиштето во Беслан, започнувајќи ја тридневната заложничка драма. Во училиштето во заложништво држеа повеќе од 1100 луѓе, меѓу кои 800 деца.
Тие бараа повлекување на руските трупи од Чеченија. Драмата заврши кога припадниците на руските безбедносни сили влетаа во зградата, што според преживеаните, примениле претерано голема сила.
Извор: Макфакс