Еврозоната сѐ уште е во опасност | Правдико

Правдико

   

Еврозоната сѐ уште е во опасност

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Добрите вести од еврозоната се множат – рецесијата заврши, исто како и турканиците под чадорот за спас. Дали кризата е надмината? Експертите велат – во никој случај!

0,,16406616_303,00

Се чини дека 2014. е година на пресврт за еврозоната. По две години рецесија, економското постигнување на 18-те земји во еврозоната повторно ќе се зголеми, иако само за околу 1 процент. Уште поохрабрувачка е веста дека Ирска и Шпанија го напуштија европскиот чадор за спас. Може ли еврокризата навистина да се стави ад акта?

Не, одговара Ханс-Вернер Зин, претседател на минхенскиот Ифо-институт. Според негово мислење, опоравувањето не е одржливо. Тоа се однесува само на финансиските пазари, но не менува ништо во економската мизерија. Како пример тој ги наведува новите чадори за спас, како програмата за купување обврзници на Европската централна банка. На тој начин им се дава заштита на инвеститорите кои купиле државни хартии од вредност на земјите од јужна Европа, со тоа што ЕЦБ од нив ќе ги откупи обврзниците доколку некоја држава банкротира.

„Потоа, тука е и банкарската унија, која исто така значи заштита на инвеститорите“, вели Зин за Дојче Веле. Ако некоја банка банкротира, инвеститорите ќе бидат оштетени само малку.

Сепак, Зин потенцира дека кризата во јужна Европа има две димензии – една е финансиската криза, а другата е реал-економската криза: „Финансиската криза е смирена или намалена, со тоа што инвеститорите се смирени со колективни ветувања за спас, но реал-економската криза со тоа не е решена.“ И натаму има масовна невработеност, индустриското производство во Грција од избивањето на кризата е намалено за 30%, образлага Зин.

Грција ги нема долговите под контрола

Во земјата од каде тргна кризата, Грција, невработеноста во 2013 година изнесуваше рекордни 27%. Уште полоша беше состојбата со невработеноста на младите. Секој втор Грк под 24-годишна возраст и натаму безуспешно бара работа. Грчките државни долгови, кои ја разгореа кризата во еврозоната на крајот на 2009 година, и покрај кратењето на долговите, во меѓувреме изнесуваат 180% од економското постигнување на земјата, односно исто колку пред избивањето на кризата. „Ако се погледне Грција, тогаш прашањето за ново простување долгови во наредните години нема да стивне“, вели за ДВ економскиот експерт Мориц Шуларик од универзитетот во Бон.

Според Шуларик, загрижува и ситуацијата во Италија, која како трета економија во еврозоната има државна задолженост од 130% од економското постигнување. Уште пред почетокот на кризата Италија имаше најмал пораст во монетарната унија. Тоа се должи на натпросечниот раст на придонесите на плати и со тоа намалувањето на конкурентноста. Крутиот пазар на работна сила го прави останатото.

Франција на раскрсница

На слични проблеми се жалат и француските претпријатија. Во економски тешки времиња и тие не можат така лесно да се разделат од своите соработници, поради што во добри времиња стравуваат од отворање нови работни места. Ниската граница на заминување во пензија и релативно високата минимална плата ја прават француската економија во споредба со германската – понеконкурентна.

На една страна Франција губи удел на светските пазари, а на друга страна се намалува внатрешната потрошувачка. „Француската економија традиционално е многу зависна од внатрешната потрошувачка. Во моментов Французите не се расположени да трошат поради високата невработеност и слабата верба во иднината“, објаснува Даниела Шварцер, директорка на програмата за Европа во американската фондација „Германски Маршалов Фонд“. Освен тоа, француското државно задолжување се приближува до 100%.

За да го запре трендот надолу, новата влада во Париз донесе пакет реформи. Загриженоста дека земјата би можела да ја загуби конкурентоста е многу голема во политиката и општеството, вели Шварцер. Затоа таа не исклучува можност на новата влада да и‘ успее да ја направи Франција економски силна. Франција мора да успеее, зашто за спасување втората по големина економија во Европа е – преголема!

Пречка на тој пат е силното евро, кое во текот на минатата година доби на вредност во однос на речиси сите важни валути во светот. Тоа го отежнува извозот на земјите во криза. Ханс-Вернер Зин вели дека тоа е резултат на политиката на спасување: „Архитектурата на спасување не значеше само инвеститорите од Германија повторно да се префрлат на Шпанија, туку и тоа дека Кинезите повторно добија верба во Европа. Тоа доведе до раст на вредноста на еврото. Тоа е колатералната штета на политиката на спасување“, заклучува Зин.

Извор: Deutsche Welle

Препорачуваме

Партнери на Правдико