Евтини станови во Грција, мит или вистина | Правдико

Правдико

   

Евтини станови во Грција, мит или вистина

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

STUDIO KLIO-HALKIDIKI-SARTI-HELLO HOLIDAYS 1Кризата во Грција има доста влијание врз цените на недвижен имот, па се  поголем број на странски државјани,  се заинтересирани за купување на станови, куќи и деловни простории. Од Генералниот конзулат во Солун, се препорачува пред секоја инвестиција, потенцијалните купувачи   добро да проверат дали   зад ниските цени се кријат и дополнителните трошоци.

На пазарот на недвижности во Грција забележан е пад на цените, така што, во Солун, на пример, мал стан може да се најде од 15 до 20.000 евра. Цената по квадратен метар се разликува во зависност од локацијата или регион. Во селата и малите крајбрежни градови, цената на метар квадратен за стан покрај плажа е до две илјади евра. Колку што е објектот подалеку од плажата цената е пониска.

Сопственик на туристичката агенција во Псакоудија Аргириос Котас тврди дека во Ситониа не можете да најдете стан под 800 евра по метар квадратен, не постои шанса за тоа.

“Аспровалта, Ставрос, Лептокарија, Катерини – Таму се многу поевтини становите. Таму може да се најде и за 500-600 евра за метар квадратен”, вели Котас.

1915616_2За оние со подлабок џеб, постои шанса да добијат и државјанство но пред тоа мора да обезбедат виза за престој.

Купувачите на недвижности  кои вредат над € 250.000, имаат право на престој во Грција за период од пет години.

Привилегијата може да ја користат се додека се сопственици на имотот, но купувањето мора да се спроведе преку проверени агенции и преку сите законски процедури.

“Најпрво треба да се обрне внимание на оној кој ти го покажува станот да е вистински професионалец. Второ, пред да го купите, треба да се консултирате со адвокат дали станот може да се продаде. Трето, станот треба да биде прегледан од инженер за да се провери состојбата на градбата “, вели претседателот на грчко-српската Стопанска комора во Солун Коста Георгакос.

Парите треба да бидат исплаќани исклучиво преку банка, откако ќе се потпише договорот кој е преведен и на мајчиниот јазик. Во Грција до сега немало примери еден стан да биде продаден на повеќе купци, но недвижностите можат да бидат преценети или позади ниските цени да се кријат и додатни трошоци.

Препорачуваме

Партнери на Правдико