Фабиус: Мигрантската криза во Македонија бара итна реакција | Правдико

Правдико

   

Фабиус: Мигрантската криза во Македонија бара итна реакција

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

24082015122307_LAURENT-FABIUSШефот на француската дипломатија вчера по средбата во Прага со неговиот чешки колега Лубомир Заоралек рече дека министрите за внатрешни и за надворешни работи на државите членки на ЕУ ќе разговараат за проблемот со мигрантите кои во се поголем број пристигнуваат во Македонија. Мигрантската криза, како што нагласи Фабиус, не е проблем само на Македонија.

Само во последните два месеца од Грција во Македонија влегле околу 45.000 мигранти, повеќето од Сирија, Авганистан, Ирак и Пакистан. Поради напливот на мигранти од Грција македонските власти вчера прогласија кризна состојба на јужната и на северната граница.

Официјалните бројки на пограничната агенција на ЕУ, Фронтекс, покажуваат дека во јули во земјите од ЕУ влегле 107.500 мигранти. Нивни најпосакувани одредници се Австрија, Германија, Велика Британија и Шведска.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико