Правдико

   

Фабиус: Сирискиот конфликт може да прерасне во поширока верска војна

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус изјави дека воздушните напади во Сирија мора да бидат насочени против екстремистите на Исламска држава (ИД), но и против други групи кои се „сметаат за терористички“, укажувајќи на опасност дека сирискиот судир може да се претвори во широка верска војна.

4f304c83cf3d1a1887e3b110c97efb81
Коментирајќи ја изјавата на францускиот претседател Франсоа Оланд дека руските воздушни напади „мора да бидат насочени против ИД и само против ИД“, Фабиус објасни дека тоа не ги исклучува другите групи како што е Фронтот Ал Нусра.

Според него, доколку постои шиитска популација на една страна со своите сојузници и сунитска популација на друга страна со своите сојузници, тогаш може да биде многу опасно.

Извор: 24Вести

Партнери на Правдико