Фајон ја поддржа Јанева и порача дека мора да се отстрани чувството на страв кај граѓаните | Правдико

Правдико

   

Фајон ја поддржа Јанева и порача дека мора да се отстрани чувството на страв кај граѓаните

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европратеничката од Социјалдемократите во Европскиот парламент и заменик претседателка на групата на Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи, која е во посета на Скопје во петок се сретнала со Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, за чија работа изразила потполна поддршка.

tanja20fajon-1

„Денеска имав средба со специјалната обвинителка на која се информирав за нивната работа и ја изразив целосната наша поддршка“, изјави Фајон.

Таа очекува Македонија во декември да спроведе фер и демократски избори. Од средбите кои ги имала со граѓаните добила впечаток дека кај нив постои страв дека нивниот глас нема да има вредност на предвремените парламентарни избори и порача дека мора тоа чувство да се отстрани „за да на крај оцениме дека Македонија спровела фер демократски и кредибилни избори“.

Фајон се сретна со лидерот на СДСМ, Зорана Заев и одржаа прес-конференција на која што се обрати Заев и Фајон, европратеничка од Социјалдемократите во Европскиот парламент и заменик претседателка на групата на Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико