Факти кои не сте ги знаеле за Пентагон | Правдико

Правдико

   

Факти кои не сте ги знаеле за Пентагон

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

The_Pentagon_January_2008На 15 јануари во 1943 година во Арлингтон, Вирџинија била завршена изградбата на новите канцеларии на Министерството за одбрана на САД. Масивниот комплекс познат како Пентагон бил изграден за 30.000 работници кои биле одговорни за дејствувањата на Америка потребни за победа во Втората светска војна. Зградата останува една од најголемите во светот и претставува симбол за воена моќ. 80 години по нејзината изградба луѓето се’ уште не ги знаат овие работи за Пентагон.

Тоа бил втор комплекс изграден за армијата за време на мандатот на Френклин Д. Рузвелт

Во 1930-те се градел голем комплекс во Вашингтон за растечкото Министерство за одбрана на САД, но пред да биде завршен, армијата заклучила дека тој е премал за нивните потреби. Министерството било сместено во 17 различни згради низ градот. На почетокот на 1941 година, било одлучено да се најде решение за проблемот. На 17 јули архитектот Џорџ Бергстром добил задача да дизајнира зграда за 40.000 вработени за само три дена.

Уникатниот облик бил планиран за друго место

Првиот избор за место за новиот воен комплекс не било денешното. Било планирано место со фарми кое имало неправилна форма на петаголник, откаде доаѓа дизајнот. Претседателот Рузвелт одбрал место на кое некогаш бил сместен првиот аеродром во Вашингтон. Доцна било да се менува дизајнот, па обликот на петаголник останал.

t600-DSC_1313Има повеќе причини зошто изградбата траела кратко

Првите планови за зградата биле таа да не биде повисока од пет катови (и два подземно). Ова било одлучено за да не се уништи погледот кон околината, но и недостатокот на челик. Наместо челик, зградата била изградена најмногу од бетон. Поради војната имало и недостаток од бронза, па дизајнот бил сиромашен во поглед на декорациите.

Пентагон бил изграден на земја во сопственост од потомци на поранешни робови

За време на Граѓанската војна една цела населба робови избегале од имотот на Роберт Ли. 20 години по војната, тие веќе биле населени во сегашен источен Арлингтон. За изградбата на Пентагон, владата избркала повеќе од 150 семејства од своите домови.

Indoor_pentagon_memorialИстата личност била одговорна за проектот „Менхетн“ и изградбата на пентагон

Мајорот Лесли Грувс бил одговорен за изградбата на Пентагон. Тој ја надгледувал изградбата секојдневно. Додека работел на тоа, тој бил ставен на чело на проектот „Менхетн“, успешниот обид на Америка да ја создаде првата атомска бомба.

Има двојно повеќе тоалети од потребно

Во Америка се’ уште поделена на раси, дизајнерите на Пентагон сметале дека е неопходно да се има посебни простории за црни и бели вработени, како кафетерии и тоалети. Но, уште од самото отворање, сите простории се наменети за сите вработени.

nmcc6Зградата се изградила за рекордно време

Почетокот на изградбата бил означен на 11 септември во 1941 година, а повеќе од 15.000 работници веднаш започнале да работат. Првите вработени се сместиле во канцелариите пред да биде завршена зградата. Изградбата завршина на 15 јануари во 1943 година. Нормално, изградбата би требало да трае 4 години, но Пентагон бил изграден за само 16 месеци. Ова чинело. Проектот на почетокот бил проценет на 35 милиони долари, но чинел 63 милиони долари, односно повеќе од 900 милиони долари во денешен износ.

Тешко е да се разбере колку е голем Пентагон

Зградата е двојно поголема од „Емпајр стејт билдинг“. Луѓето на почетокот се губеле во зградата. Можно е да се помине целата зграда за 10 минути доколку се оди брзо и се искористи скратениот премин низ дворот во центарот на комплексот.

Нападите на 11 септември се случиле на 60-та годишнина од почетокот на изградбата

На 11 септември во 2001 година, Пентагон речиси завршувал со целосното реновирање кога се случија терористичките напади во Њујорк. За време на нападот загинаа речиси 200 луѓе.

Автор: Драгана Петрушевска

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико