Фатени двајца крадци на дрва, се обиделе да ги прегазат и полицајците | Правдико

Правдико

   

Фатени двајца крадци на дрва, се обиделе да ги прегазат и полицајците

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба на дрва од туѓа шума“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Ш. (25) и И.Б. (25) двајцата од охридското село Велгошти.

Пријавениот П.Ш. самостојно сторил уште две казнени дела: „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „фалсификување исправа“. Тој, нелегално набавил патнички џип „Митсубиши Пајеро“ и му поставил лажни бугарски регистарски таблички кои потекнувале од друго возило.

Во текот на минатата година, пријавени во месноста „Буково“ од шума во државна сопственост, неовластено и без одобрение за сеча, со моторна пила и дрвена секира извршиле бесправна сеча на 1,46 метри просторни буково огревно дрво. Двајцата, бесправно пресеченото огревно дрво го натовариле во патничкиот џип и се упатиле по магистралниот пат кон Охрид.

Околу 17.30 часот, полициски службеници кои работеле по акцијата „Гора“, кај бетонската база на „Гранит“, со СТОП палка се обиделе да го запрат возилото управувано од П.Ш. но истиот ја зголемил брзината на движење и директно го насочил возилото кон полициските службеници со што им ги загрозил нивните животи. Потоа со голема брзина се упатил и кон полицискиот автомобил кој бил со вклучени звучни и светлосни сигнали. Откако неконтролирано поминале во близина на службеното полициско возило, пријавените продолжиле по магистралниот пат во што биле следени од полициските службеници. Кај крстосницата за селото Вапила, возачот на џипот П.Ш. предизвикал сообраќајна незгода удирајќи во запрено товарно возило, а потоа продолжил по непристапен пат низ нивите. По кратко време, полициските службеници го пронашле џипот паднат во Коселска река.

Бесправно отсеченото огревно дрво и возилото, се предадени на Шумската полиција.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико