Фатени крадците што ги празнеле црквите во Тетовско | Правдико

Правдико

   

Фатени крадците што ги празнеле црквите во Тетовско

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секторот за внатрешни работи Тетово целосно ги расчисти шестте тешки кражби, кои во текот на овој месец беа извршени во православни цркви во Тетово, Копанце, Радиовце и во Подбреѓе.

Кражбите ги извршиле Џ.М. (22) од Тетово и 17-годишник од село Озормиште, Тетовско. Тие во разговор во полициска станица ги признале делата. По целосно документирање на случаите, против нив ќе виде поднесен соодветен поднесок. Тие ги извршиле кражбите со насилно отворање на влезните врати или со кршење на прозорците, по што од каси, маси за продажба на свеќи или од икони одзеле парични средства во вкупен износ над 6.000 денари, а причиниле и поголема материјлна штета.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико