Правдико

   

Фатени шест крадци од гостиварско Чегране, расчистени 27 тешки кражби

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар расчисти вкупно 27 тешки кражби и обиди за тешки кражби и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против 6 малолетни лица од гостиварското село Чегране, од кои 3 на возраст од 15 и исто толку на возраст од 17 години.

Шесте малолетници се сомничат дека во периодот од ноември 2018 до август 2019 година, делувајќи во група и со употреба на сила провалувале во куќи претежно на времено вработени во странство од Чегране, како и во други објекти во ова село и противправно одземале златен накит, алати, облека и технички производи.Одземеното го криеле во напуштен објект – штала во Чегране и подоцна го продавале на други лица.

Вкупната корист што противправно ја оствариле во овие кражби се проценува на 418 илјади денари, а причинетата материјална штета на 224 илјади денари.

Партнери на Правдико