Фатено лице од Косово при извршување кражба од банкомат | Правдико

Правдико

   

Фатено лице од Косово при извршување кражба од банкомат

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денеска во 04.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово од слобода го лишиле косовскиот државјанин А.М.(41), затоа што бил фатен при обид за извршување на тешка кражба од банкомат на една банка на ул.„11 Октомври“.

Во непосредна близина на местото било пронајдено патничко возило „фолксваген голф“, со  косовски национални ознаки. Во врска со случајот, а по телеграма од СВР Куманово, на Граничен премин „Јажинце“ бил задржан и Б.Х.(39) од Косово и ќе биде спроведен во СВР Куманово. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Препорачуваме

Партнери на Правдико