Фатиме Фетаи бара бомбите да се слушаат во судницата како доказ против Јанкулоска и Груевски
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, на седницата на Апелациониот суд, кој расправа дали осум бомби ќе бидат доказ во постапката за набавката на „мерцедесот“ на поранешниот премиер Никола Груевски, побара од судиите да им биде прифатена жалбата. Адвокатите на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и на заменик министерот во МВР, Ѓоко Поповски, инсистираат жалбата на СЈО да биде отфрлена, осносно бомбите да не бидат доказ во постапката против нив во случајот „Тенк“.
Наспроти нив, Фатаи побара бомбите да се слушаат во судницата како доказ против Јанкулоска и Груевски. Фетаи рече дека бомбите се прибавени законски, а се креирани незаконски. „Од бомбите најдиректно произлегува како обвинетите го сториле кривичното дело“, рече Фетаи.
Адвокатот на Јанкулоска, Боро Тасевски, рече дека од кажувањата на СЈО произлегува дека поранешната министерка за внатрешни работи самата себе се прислушувала, т.е. дека самата креирала докази против себе. „Ми се крева косата на главата ако утре треба да бранам обични 20 илјади граѓани што биле прислушувани“, вели Тасевски.
Адвокатката Сања Алексиќ побара судиите да не ги земаат предвид претходните одлуки на Апелација, која одлучи бомбите да бидат доказ во постапката. Според неа, тие не биле извор на право, туку само Уставот и законите.
В. Маглешов
Извор: Макфакс