ФБИ објави архиви стари 17 години за Бил Клинтон | Правдико

Правдико

   

ФБИ објави архиви стари 17 години за Бил Клинтон

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Само неколку дена пред претседателските избори во САД, Федералното истражно биро објави архиви стари 17 години што содржат документи за одамна затворена истрага за тоа како Бил Клинтон како претседател го помилувал Марк Рич, осуден финансиер во 1983 година.

02112016075811_web_klinton

Рич побегнал во Швајцарија за да избегне гонење, а починал во 2013 година. Клинтон го помилувал Рич во последниот ден од својот претседателски мандат. Федералната истрага за Рич завршила во 2005 година без да биде покренато обвинение.

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест изјави дека не му е познато дека кој било од Белата куќа е консултиран за тој материјал пред неговото објавување.

Тоа е најново обелоденување документи од страна на ФБИ и тоа покрена прашања од преизборниот штаб на Хилари Клинтон за тајмингот на нивното објавување.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико