ФБИ започна истрага против ФЕТО, можна е екстрадиција на Фетула Гулен | Правдико

Правдико

   

ФБИ започна истрага против ФЕТО, можна е екстрадиција на Фетула Гулен

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ФБИ започна истрага против терористичката организација ФЕТО, која стои зад неуспешниот пуч во 2016, изјави министерот за внатрешни работи на Турција.

Мевлут Чавушоглу говореше во парламентот, каде посочи дека ФБИ конечно го гледа вистинкото лице на оваа терористичка група.

„ФБИ започна сериозна истрага против ФЕТО во 15 држави,“ изјави Чавушоглу.

„Односно, уапсени се неколку осомничени лица во неколку држави, вклучувајќи ја Њу Џерси“.

Чавушоглу вели дека за време на скорешниот Г20 самит во Аргентина, претседателот Доналд Трамп се сретнал со претседателот Реџеп Таип Ердоган и посочил дека САД прави напори за екстрадиција на лидерот на ФЕТО Фетула Гулен во Турција, од неговото долгогодишно место на живеење Пенсилванија.

Турција веќе долго време се жали на неактивноста на САД да го екстрадира Гулен.

Групата ФЕТО и нејзиниот лидер Фетула Ѓулен стојат зад неуспешниот пуч во Турција што се случи на 15 јули 2016. Во нападите загинаа 251 лице, а 2.200 беа повредени.

Анкара тврди дека ФЕТО исто така стои зад долгогодишната кампања со која групата сака да ја урниса државата преку инфилтрирање во институциите, особено војската, полицијата и судството на Турција.

ФЕТО е организација која е многу присутна надвор од границите на Турција, и особено е позната по тоа што управува со приватни училишта преку кои се влеваат средства со кои се финансираат терористички активности.

Училиштата управувани од страна на ФЕТО се справуваа и со правни прашања поради финансиски проблеми, злоупотреба на јавни средства, како и злоупотреба на имиграцискиот процес.

Од 2017 година, ФЕТО управуваше со 136 училишта во 28 држави, а искористи и преку 2,1 милијарди долари од американски даноци, пренесуваат Си-Би-Ес Њуз од САД.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико