Федерален судија нареди спојување на разделените мигрантски семејства во рок од 30 дена | Правдико

Правдико

   

Федерален судија нареди спојување на разделените мигрантски семејства во рок од 30 дена

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Федерален судија во Сан Диего, Калифорнија, во вторникот издаде прелиминарна наредба по барање на Американската унија за граѓански слободи со која им наложи на американските гранични служби да ги спојат разделените мигрантски семејства во рок од 30 дена, пренесува „Лос Анџелес тајмс“.

Судија Дејна Сабро ја издаде оваа наредба врз основа на тужба на Американската унија за граѓански слободи која се однесува на седумгодишно девојче што е одвоено од мајката, која е од Конго, и на 14-годишно момче кое е раздвоено од мајката Бразилка. Судијата Сабро исто така издаде забрана за раздвојување семејства во иднина на ниво на целата сојузна држава, освен во случаи кога ќе биде проценето дека родителот не е способен да се грижи за детето.

Според наредбата, сите деца помлади од пет години мора да им бидат вратени на родителите во рок од 14 дена, додека децата постари од 5 години мора да се вратат кај родителите во рок од 30 дена. Во изминативе недели повеќе од 2 000 деца се разделени од нивните родители, нелегални имигранти во САД, и сместени под контрола на државата.

Во исто време, против администрацијата на претседателот Доналд Трамп, тужба поднесоа 17 сојузни американски држави и дистриктот Колумбија, кои се обидуваат да ја запрат „суровата и незаконска“ политика на присилно раздвојување на имигрантските семејства, кои влегуваат од Мексико. Во тужбата поднесена вчера во американскиот окружен суд во Сиетл, американските  сојузни држави  го нарекоа указот, со кој  се стопираше развојувањето на семејставта, „илузија“.

Трамп на 20 јуни потпиша указ со кој на имигрантските семејства, кои илегално ја минале јужната граница на САД, им се овозможува да бидат заедно додека го чекаат исходот од имигрантската постапка.

Тој, меѓутоа, напомена дека ќе продолжи политиката „нулта толеранција“, која подразбира кривично гонење на сите возрасни лица, кои се фатени како нелегално ја минуваат границата. Во тужбата се вели дека политиката на администрацијата на Трамп делумно е неуставна, бидејќи е „мотивирана од злонамерност и желба да се повредат“ имигрантите, кои доаѓаат од Јужна Америка.

По бројни критики од редовите на својата Републиканска партија, како и од опозициските демократи, претседателот Доналд Трамп издаде извршна наредба да се прекине со раздвојување на семејствата на илегалните имигранти и рече дека наместо тоа, родителите и децата ќе бидат во прифатни центри заедно. Меѓутоа, повторното спојување на семејствата се одвива бавно, наведуваат западни медиуми.

Во меѓувреме, американскиот потпретседател Мајк Пенс им порача на граѓаните на централна АМерика да не доаѓаат во САД ако не можат да влезат легално. На првата станица на својата јужноамериканска Турнеја во Бразилија, Пенс кажа дека има порака до луѓето од тој регион.

„Не ги ризикувајте своите животи и животите на своите деца обидувајќи се да дојдете по патот што го управуваат шверцерите на дрога и луѓе. Ако не можете да дојдете легално, воопшто не доаѓајте“, кажа пенс.

Американскиот потпретседател вчера се сретна со бразилскиот претседател МИшел Темер. Во заедничка изјава тие кажаа дека разговарале за состојбата во Венецуела, државата во која политичката и економска криза доведе до иселување на милиони луѓе во последните години.

„Колапсот на Венецуела создава хуманитарна криза“, кажа Пенс, кој денес во бразилски Манаус треба да се сретне со емигранти од Венецуела, а потоа да отпатува во Еквадор.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико