Федералниот апелциски суд на САД ја продолжи блокадата врз уредбата на Трамп за муслиманите
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Федералниот апелациски суд на САД донесе одлука да ја продолжи блокадата на извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп за забраната за влез во оваа земја на граѓаните од земји со муслиманско мнозинство.
Четвртиот окружен апелациски суд синоќа соопшти дека „не е убеден“ дека дел од мерките за посочување на граѓаните од специфичните земји (Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен) ја има за цел безбедноста на земјата, туку оддржување на предизборното ветување на Трамп, наведуваат француските медиуми.
Судот, со седиште во Ричмонд, во државата Вирџинија, додаде дека не може да каже дека загриженоста на владата за безбедноста надвладеала врз нејзината загриженост заради дискриминацијата.
Американски медиуми констатираат дека овој случај најверојатно ќе заврши пред американскиот Врховен суд.
Извор:Нова Македонија