Феноменологија на криминалитетот на насилство | Правдико

Правдико

   

Феноменологија на криминалитетот на насилство

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дваесетиот век е век што ќе се памети по насилство. Од него ја наследивме појавата намасовното уништување, насилство што се случи во досега невиден и невозможен обем во споредба со кога било во историјата на човештвото. Ниедна земја, ниеден град, ниедна заедница не е имуна на насилството. Оваа наследност и присутност на насилството можеме да ја искусиме и денес во 21 век кога сите очекуваме дека се она што правиме ќе биде за подобро утре, се ќе биде во знакот на хуманизација, во знакот на величењето и почитувањето на поединецот, но за жал не е така.

Иако се зборува за демократија и хумани односи сепак во практиката доминира силата како средство за контролирање на комуникациите и односите меѓу државите и меѓу луѓето. Поединецот е растргнат помеѓу своите желби и туѓите забрани, со што можноста за неговото бунтовништво и незадовлоство останува постојано отворена.

Автор: M-р Марјан Габеров

Прочитај ја целата статија ТУКА

 

Партнери на Правдико