Правдико

   

Фетаи: Не знам дали некогаш ќе ги собереме сите обвинети

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По барање на обвинителката Фатиме Фетаи, судот одлучи кривичната постапка против седмообвинетиот во случајот за насилството пред општина Центар, Димче Крстев, да се води одвоено.

Фетаи рече дека на секое од рочиштата не е присутен некој од обвинетите.

„Не знам дали некогаш ќе ги собереме сите обвинети. Една година, 2 месеца и 6 дена главната расправа не може да започне“, рече Фетаи.

Поретходно Крстев побара да се одложи судењето, со изговор дека се чувствува лошо и се пожали од третманот на полицијата за време на приведувањето.

„Полиција влезе кај мене дома, во 4 часот за присилно да ме приведе“, рече тој и додаде дека нема адвокат.

Судијката Татјана Михајлова истакна дека не ја повлекла наредбата за стражарно приведување, зашто документацијата била доставена од адвокат која не го застапува.

На другиот обвинет, Даниел Труфуновски му се слоши.

На судењето со десетминутно задоцнување се појави и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој е првоосомничен во случајот.

Главната расправа за насилството пред општина Центар, беше одложена неколку пати. Груевски, заедно со уште 13 лица меѓу кои ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески се обвинети дека поттикнале насилство во Општина Центар во 2013 година. Судијката Татјана Михајлова неколкупати ги одложува рочиштата поради отсуство на обвинетите, а одлагање имаше и поради тоа што предметот со списите беа во Апелација за казните на обвинителките Катица Јанева и Фатиме Фетаи. На минатото судење не беа присутни двајца од обвинетите. Поради неоправдано отсуство на обвинетиот Димче Крстев, обвинителката Фатиме Фетаи побара на следното рочиште тој да биде стражарно приведен.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико