Правдико

   

Фетаи побара притвор за Груевски

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи побара притвор за експремиерот Никола Груевски затоа што постојано доцни на рочиштата.

Груевски, кој е првообвинет во случајот „Насилство во Центар“, на денешното рочиште доцнеше 15 минути. Поради тоа, обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, побара притвор за него или, како што рече, обвинетиот да се донесе во судот со полиција.

„Според член 380, став 3 од Законот за кривичната постапка, тој треба да биде приведен, ова не е во ред“, рече Фетаи.

На денешното рочиште за „Насилство во Центар“ сведочат двајца советници од СДСМ. Обвинети во случајот се и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, и уште девет лица. На претходните судења вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петтообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.

Обвинетите се товарат за поттикнување насилство, кое се случи при протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.

Виктор Јованов

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико