Фиданка Рајевска член во Советот на јавни обвинители | Правдико

Правдико

   

Фиданка Рајевска член во Советот на јавни обвинители

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sovetИзборната Комисија при Советот на јавните обвинители на Република Македонија спороведе гласање на кое Фиданка Рајевска, јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, е избрана за член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија од општата листа на кандидати од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје,  Изборно место бр. 3.

Како што соопшти Советот на јавните обвинители на Република Македонија, во Комисијата што го спровела гласањето биле Сашо Василевски, претседател, Арбер Исаку, член и Љубомир Јовески, член.

На гласањето Рајевска добила  38 гласа, а Елизабета Павловска – јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, која, исто така, била кандидат за член на Советот,  добила 36 гласа.

Извор: Утрински весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико