Филе денеска ќе ги објави извештаите за аспирантите за членство во ЕУ | Правдико

Правдико

   

Филе денеска ќе ги објави извештаите за аспирантите за членство во ЕУ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, денеска на пладне во Европскиот парламент во Брисел официјално ќе ги објави прогрес-извештаите за напредокот во евроинтеграциите на земјите-аспиранти за членство во Унијата.

stefan file

Македонија ќе ја добие шестата позитивна препорака од страна на Европската комисија за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

 Во извештајот од 70-тина страници за Македонија, неформалната Влада на Унијата нотира дека „нивото на усогласување на законската регулатива е високо во однос на тоа каде во моментов се наоѓа земјата во пристапниот процес”, но и дека остануваат сериозни предизвици, а во некои области и се зголемиле, пришто се наведува поделената политичка култура, сериозната загриженост за зголеменото политичко влијание и владината контрола на државните институции и медиуми, како и се уште кршливата меѓуетничка ситуација.

Во заклучокот на Европската комисија во генералната стратегија за проширување за 2014 година, се наведува дека пристапниот процес на ЕУ со Македонија е во ќор-сокак и дека постои итна потреба да се реши прашањето за името, што не треба да биде изговор за недостатокот на напредок во реформите што се во интерес на граѓаните во земјата.

Извор: 24 Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико