Филипче: Ќе бараме продолжување на вонредната состојба
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека на утрешниот состанок на Советот за безбедност ќе побараат продолжување на вонредната состојба.
„Утре треба да се одржи состанок на Советот за безбедност. Ние ќе побараме продолжување на вонредната состојба од повеќе причини за да имаме механизми во однос на имплемантацијата на вакви препораки и во периодот кој што следи“, рече Филипче на денешната прес-конференција на која го презентираше протоколот за задолжителни мерки за време на предизборните активности и на изборите во време на пандемијата со коронавирусот.
Министерот не прецизираше дали ќе биде побарано продолжување на вонредната состојба за нови 30 дена или помалку или ќе се бара нова вонредна состојба. Доколку биде донесена одлука да продолжи вонредната состојба и Владата достави предлог, Советот за безбедност треба да одржи нова седница в петок и претседателот да донесе одлука за нејзино продолжување.