Филипче потврди: Комисијата бара укинување на полицискиот час за празниците и отворање на угостителските објекти
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Комисијата за заразни болести предлага полицискиот час да се скрати за еден час и да почнува од 21 часот, за Велигден и Рамазан воопшто да нема ограничување на движењето и отворање на летните тераси во сите угостителски објекти.
„Утре, од Владата ќе побараме согласност за овие мерки. Да се отворат летните тераси на сите угостителски објекти, полицискиот час да се скрати и да почнува од 21 часот. За Велигден и Рамазан да нема полициски час, а угостителските објекти да работат до 20.30 часот“, рече министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој образложи дека овие мерки се предлагаат поради очигледното олабавување што се чувствува не само кај нас, туку и во сите околни земји. Намален е бројот на приеми во болниците, од 200 кога сме имале најмногу, вчера имало 69 приеми во болниците, а намален е бројот на пациенти на болничко лекување.
Најголемата бројка била 1.789 хоспитализирани пациенти, која сега е симната на 1.400.
Извор: Макфакс