Филипче препорачува оние кои минале 14 дена во изолација да повторат уште еден циклус
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Лицата кои 14 дена седеле во изолација поради сомнеж за коронавирус не е задолжително да се тестираат ако немаат симптоми. Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека за ваквите лица се препорачува уште 14 дена да останат во домашна изолација.
„На Комисијата за заразни болести се дискутираше за ова. Имаме заеднички став дека нема потреба од тестирање доколку лицата немаат симптоми. Тие треба да останат во домашна самоизолација уште 14 дена“, рече Филипче.
Ваквиот став на Комисијата за заразни болести министерот најави дека ќе се официјализира и ќе биде дистрибуиран до сите засегнати.
Според официјалните податоци на Центарот за управување со кризи, во самоизолација има 7.307 лица, со решенија за изолација се 618 лица, а под надзор се 390 лица.
Извор: Макфакс