Филипче: Со апликацијата „Стоп корона“ ќе се откријат несвесно направените контакти | Правдико

Правдико

   

Филипче: Со апликацијата „Стоп корона“ ќе се откријат несвесно направените контакти

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со апликацијата „Стоп корона“ ќе се откријат непознатите, односно, несвесно направените контакти, смета министерот за здравство Венко Филипче. Со тоа, ќе се скрати времето на траење на епидемијата, потенцираше тој. Според него, состојбата нема да заврши со достигнување на пикот кон крајот на месецот, туку ќе трае до идната година.

„Ние сме во фаза на дочекување на пикот, но оваа состојба нема да заврши сега. Во повеќе земји се размислува како да се постават, а размислуваме и ние, бидејќи до крајот на годината ќе не чека доста работа, можеби и следната година, до стекнување на некој колективен имунитет или пронаоѓање на вакцината. Во целиот период пред нас ги користиме сите можности и алатки. Ова е една од најголемите придобивки за идентификување на сите примарни контакти. Во периодот пред нас планираме и скрининг во областа на Дебар, со оглед дека во овој дел се запре епидемијата“, рече Филипче.

Апликацијата е сработена за неполни 10 дена од компанијата „Нексус“ и е достапна за “Иос” телефони и „Андроид“ телефони.

„Ние сме во фаза во која го очекуваме пикот на коронавирусот. Оваа апликација ќе ја олесни работата на епидемиолозите, бидејќи ќе го замени прашалникот кој го работат. Со оваа алатка ќе се стигне многу лесно до примарните контакти. Очекуваме да имаме дополнително поголем број на лица, како примарни контакти, со оваа апликација“, додаде Филипче.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико